A+ / A-

Девизна сметка за правни лица

Охридска Банка АД Скопје нуди можност за отворање и водење на девизни трансакциски сметки на правни лица - резиденти преку кои може да се извршуваат сите платежни трансакции во странство.

Со отворање на девизни сметка на клиентите во Охридска Банка АД Скопје им се овозможува:

  • Брзо и ефикасно извршување на сите налози за плаќање
  • Увид во состојбата и прометот на сметката со гарантирана тајност на податоците
  • Изработка на различни видови на потврди по Ваше барање
  • Извршување на налози по електронски пат: 24 часа на ден преку користење на современите канали на електронско банкарство за правни лица OBSGN@t
  • Доставување на изводи за промените на сметката на начин кој најмногу одговара на клиентот (лично во експозитура/ Филијала ,по факс,пошта, електронски)

Потребна документација за отворање на девизна сметка

Документи кои ги обезбедува клиентот

  • Решение за регистрација издадено од Централниот Регистар на РМ или
  • Тековна состојба издадена од Централниот Регистар на РМ - не постара од 6 месеци
  • ЗП образец - заверени потписи на лица овластени за застапување (фотокопија заведена кај нотар)
  • Фотокопија од лични карти на потписниците на сметката наведени во картонот за депонирани потписи
  • Писмено овластување на меморандум од фирмата потпишано од Застапникот на фирмата за лицата овластени за отворање и работа со сметка и лична исправа на лицето што се овластува
  • Биланс на состојба

Документи кои ги обезбедува Банката

Барање за отворање на девизна трансакциска сметка за домашни правни лица.

Пристапница за правно лице.

Потписен картон на овластени лица за располагање со средствата на сметката во три примероци.

Договор за отворање на девизна трансакциска сметка во два примероци.

принт
Курсна листа повеќе
Одберете датум: датум: 21.10.2017
196
20.10.2017, 00:00 - 20.10.2017, 23:59 Физички лица
  • Куповен Продажен
    Среден
Правни лица
  • Куповен Продажен
    Среден

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!