A+ / A-

OBSGN@t – Електронско банкарство на Охридска банка

Водена од желбата да излезе во пресрет на брзото темпо на живеење, Охридска банка на своите клиенти им го нуди OBSGN@t електронско банкарство - опуштен и модерен начин на користење на услугите на банката. Сега имате можност, без посета во експозитура, преку OBSGN@t, брзо и удобно да реализирате поголем дел од банкарските услуги за коишто имате потреба.

Услуги што се нудат со OBSGN@t:

  • Преглед на состојбата и промет во период на сите сметки (трансакциски, штедни влогови, орочени депозити);
  • Преглед на состојбата и прометот на кредитни картички;
  • Печатење извод за сметки и за кредитни картички;
  • Купопродажба на девизи и преглед на курсната листа;
  • Интерни трансфери како:
    1. Можност за уплата по Депозит прогрес директно од Вашата трансакциска сметка или штедна книшка;
    2. Отплата на обврски по кредитна картичка во секое време;
  • Плаќањe режиски трошоци кон однапред определени приматели;
  • Плаќања преку КИБС и МИПС на налози ПП30 и ПП50;
  • Нотификација за статус на плаќања

Предности од користењето на OBSGN@t:

  • Неограничен пристап до сметките 24 часа во денот, 7 дена во неделата, секаде во светот;
  • До 60% пониски провизии за плаќања во земјата;
  • Бесплатни интерни налози;
  • Заштеда на Вашето скапоценото време, избегнување на чекањето ред на благајна;
  • Зголемена прегледност на сметките што ги поседувате во секое време;
  • Трансакции во реално време, исто како да ги вршите во експозитурата;
  • Поуспешно управување и потполна контрола на Вашите средства.

Не заборавајте!
Мерки на сигурност на OBSGN@t

  • Пристапот до OBSGN@t е заштитен со корисничко име и лозинка;
  • Секоја трансакција мора да се потврди со втора лозинка од токенот;
  • SSL – 128-битна енкрипција го штити преносот на податоците;
  • Пристапот автоматски се блокира ако лозинката се внесе погрешно 3 пати по ред;
  • Сесијата истекува кога работата е прекината во период повеќе од 30 минути.

Потребна опрема за користење на OBSGN@t:

  • персонален компјутер со минимум Internet Exloprer™ 6 со 128-битна енкрипција или Mozilla Firefox™3.2
  • интернет-пристап (минимум 33.600 Kbps)

Потребни документи за регистрирање на OBSGN@t:

  • Форма за регистрација за население
принт

CLUB PREMIUM ПАРТНЕРИ

Станбен кредит

Бројни поволности при користење на Премиум картичките, во соработка со партнерите на Club Premium

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!