A+ / A-

СМС-известувања

Увид во состојбата и промените на трансакциска сметка, на дебитни и на кредитни картички, преку СМС-порака на Вашиот мобилен телефон во реално време.

Типови на СМС-известувања:

  • состојба на денарска или девизна сметка;
  • извод на жиро-сметка во краток формат;
  • трансакции со платежни картички (плаќање со картичка на ПОС-терминал, плаќање преку интернет и повлекување средства од банкомат);
  • последен прилив на жиро-сметка и на девизна сметка;
  • последен одлив на жиро-сметка;
  • последен одлив на девизна сметка (само за налози направени преку I-bank).

Предности:

  • потврда за извршена трансакција;
  • проверка на износот на извршената трансакција;
  • известувања во врска со Вашата картичка;
  • заштита од повеќекратно реализирање на иста трансакција;
  • заштита од злоупотреба на картичката;
  • дополнителна безбедност при вршење трансакции;
  • повеќе лица може да добиваат СМС-известување за иста сметка (партија);
  • СМС-известувањата се достапни и на англиски јазик.

По дадено овластување, услугата СМС-известувања може да ја користат повеќе вработени лица од клиентот правно лице што има трансакциска сметка во Охридска банка и активен мобилен телефонски број од некој од мобилните оператори овластени на територијата на Република Македонија.

За услугата СМС-известувања може да аплицирате во која било експозитура на Охридска банка.

За дополнителни информации, обратете се на 046/261-000, на obsgnetsupport@ob.com.mk или во експозитурите на Охридска банка.

принт
Курсна листа повеќе
Одберете датум: датум: 17.12.2017
234
15.12.2017, 00:00 - 15.12.2017, 23:59 Физички лица
  • Куповен Продажен
    Среден
Правни лица
  • Куповен Продажен
    Среден

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!