Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации Контакт-центар: (02) 15 050 obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ-поддршка Контакт-центар: (02) 15 050 obsgnetsupport@ob.com.mk
Сподели ја страната на некој од социјалните медиуми:

Steiermärkische Sparkasse Group

Steiermärkische Sparkasse Group е најголем давател на финансиски услуги во јужниот дел на Австрија.

„Steiermärkische Sparkasse Group“ е најголем давател на финансиски услуги во јужниот дел на Австрија. Групата опслужува околу 700 000 клиенти на 233 локации во Стирија, Австрија, и во Југоисточна Европа.

Групацијата „Steiermärkische Sparkasse“ се состои од Steiermärkische Sparkasse и нејзините подружници, вклучувајќи ги Bankhaus Krentschker & Co. AktiengeselIschaft во Австрија, Sparkasse Bank dd во Босна и Херцеговина и Sparkasse Bank Македонија AD Skopje во Република Северна Македонија.

Со своето присуство во земјите од Западен Балкан, групацијата овозможува достапност на банкарските услуги за австриските и за регионалните компании, како и силна економска поврзаност и стабилност во целиот регион.

Во Северна Македонија, „Steiermärkische Sparkasse“ е присутна од 2008 со својата локална банка подружница, Шпаркасе банка Македонија АД Скопје. Сè до целосното спојување кое е планирано за 2021 година, Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе банка Македонија АД Скопје ќе продолжат да дејствуваат како посебни правни ентитети, иако и двете банки ќе бидат дел од Шпаркасе групацијата. По очекуваната интеграција, Банката ќе има актива од околу една милијарда евра и со тоа ќе стане четврта банка по големина во Р Северна Македонија. 

Имајќи ја поддршката од големата финансиска групација, Охридска банка АД Скопје претставува доверлив партнер за своите клиенти во Р Македонија.


Повеќе информации за групацијата можете да прочитате на интернет-страницата: www.steiermaerkische.at   



Сподели ја страната на некој од социјалните медиуми:
Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации (02)15 050 Контакт центар obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ поддршка (02)15 050 Контакт центар obsgnetsupport@ob.com.mk
Види ги сите локации во Македонија Мапа