Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации Контакт-центар: (02) 15 050 obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ-поддршка Контакт-центар: (02) 15 050 obsgnetsupport@ob.com.mk
Сподели ја страната на некој од социјалните медиуми:

Вредности

ПОДДРШКА

Слушаме, разбираме и помагаме

Слушаме што имаат да кажат клиентите и колегите бидејќи ги разбираме нивните потреби. Меѓусебно споделуваме идеи и ја поддржуваме нивната реализација. Си помагаме едни на други бидејќи се движиме кон истата цел. Доколку е успешна Банката во која работиме, и ние сме успешни. Комуницираме искрено и отворено затоа што сме насочени на решенија и на резултати.

ОДГОВОРНОСТ

Преземаме одговорност за развој на Банката и личен развој

Одговорни сме, пред сѐ, кон самите себеси и кон својата иднина, а потоа и кон своите клиенти. Затоа преземаме лична одговорност и покажуваме иницијатива кон клиентите, бидејќи успехот и напредокот на Банката воедно се и наш успех и развој. Секој наш успех е посветен на нашето работење во рамките на Банката. Се грижиме за успешно и целосно завршување на своите работни задачи. Се грижиме за поголемата слика и мислиме на доброто на Банката на долг рок. Одговорноста е поделена подеднакво, а овластувањата ги заслужуваме со своите добри резултати.

ДОВЕРБА

Го одржуваме дадениот збор и градиме квалитетни односи

Веруваме во своите вработени, во нивниот потенцијал и во нивните успеси. Фокусирани сме на одржлив и долгорочен развој, ја прифаќаме можноста за грешки, учиме од нив и не ги повторуваме. Градиме атмосфера на доверба затоа што си веруваме. Успехот на Банката е нашата заедничка цел.

ИНОВАТИВНОСТ

Поттикнуваме нов начин на работење и постојано го унапредуваме сегашниот

Ги препознаваме и ги цениме идеите и иницијативите, затоа клиентите ги услужуваме на едноставен и квалитетен начин. Ги поврзуваме новите креативни идеи во деловна реалност. Со личниот пример ги поттикнуваме другите да го даваат максимумот во своето работење и да го искористат својот потенцијал. Проактивни сме и мотивирани да работиме повеќе и подобро затоа што нашиот труд се препознава и се вреднува.

СОЗДАВАЊЕ

Создаваме вредност за нашите клиенти, заедницата, акционерите и за себе

Создаваме вредност за нас самите, а мерка на таа вредност се сѐ повеќе задоволни и лојални клиенти, но и вработени на Банката. Ги вреднуваме напорите и ги наградуваме резултатите на вработените бидејќи веруваме дека напорот ќе се исплати и ќе нѐ води кон успех. Нашата моќ се огледува во нашето знаење и во нашите компетенции, а нашиот успех во нашите клиенти.

Сподели ја страната на некој од социјалните медиуми:
Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации (02)15 050 Контакт центар obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ поддршка (02)15 050 Контакт центар obsgnetsupport@ob.com.mk
Види ги сите локации во Македонија Мапа